Свет

Папата Франциско отпатува за Малта, ќе ги посети мигрантите и бегалците

Папата Франциско денеска патува на своето 36 патување во странство – во најмалата земја во Европската унија, Малта. Во фокусот на неговата посета на католичката земја, меѓу другото, ќе биде и состојбата со мигрантите и бегалците.

Неговата посета доаѓа во тензичен геополитички момент со илјадници мигранти кои го преминуваат Медитеранот и милиони воени бегалци од Украина.

Германската организација Sea-Eye ги полага своите надежи во папата Франциско да и помогне да најде безбедно засолниште на Малта за 106-те спасени мигранти во кои има. „Би било убаво посетата на папата да направи разлика“, изјави вчера портпаролот на Sea-Eye. „Надежта последна умира“.

Папата требаше да отпатува за Малта во мај 2020 година, но тогаш избувнувањето на пандемијата на коронавирус ги попречи неговите планови.

За време на своето патување, Папата сака да се качи и со катамаран на малтешкиот остров Гозо за да го посети националното светилиште таму и да се помоли во познатата пештера Свети Павле. Предвидена е миса со илјадници верници во близина на главниот град Валета.

На почеток