Поранешен германски офицер им дал бројни документи и информации на руски агенти
Од
Објавено на
Германија поднела обвинение против поранешниот резервен офицер Ралф Г. за шпионажа за Русија, соопшти денеска Федералното јавно обвинителство.
Осомничениот Ралф Г. на руските агенти им дал „бројни документи и информации“ за германската армија во периодот од 2014 до март 2020 година, истакна обвинителката Инес Петерсон во изјавата, пренесува Ројтерс.
Исто така, се наведува дека осомничениот, како член на бројни економски комитети, на руските агенти им доставил информации за влијанието на санкциите на ЕУ против Русија врз германските компании, како и информации за Северен тек 2, кој Германија го суспендираше.