Свет

САД нарача оружје за Украина вредно 300 милиони долари

Министерството за одбрана на САД ќе и обезбеди на Украина оружје во вредност од 300 милиони долари, соопшти Пентагон.

Новиот одбранбен пакет ќе вклучува различни дронови, ракетни системи, оклопни возила, муниција, безбедни комуникациски системи, митралези, медицински материјали и слично.

Владата на САД веќе вети 1,65 милијарди долари помош за Украина откако Русија ја нападна кон крајот на февруари. Од почетокот на минатата година американската помош изнесуваше вкупно 2,3 милијарди долари.

Новата пратка на оружје нема да дојде наскоро бидејќи најавата не се однесува на оружје и системи кои веќе ги поседуваат американските власти, туку на нарачка од производителот.

„Оваа објава го означува почетокот на процесот на склучување договори за обезбедување нови капацитети за вооружените сили на Украина“, соопшти Пентагон.

На почеток