Свет

САД го откажаа пробното лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета

Соединетите Американски Држави го откажаа пробното лансирање на нивната интерконтинентална балистичка ракета Minuteman III, јавува Ројтерс.

Со дострел од речиси 10.000 километри, проектил со нуклеарна способност е клучна компонента на арсеналот на американската војска.

Пентагон беше првиот што го одложи тестирањето на 2 март, веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин ги стави своите нуклеарни сили во состојба на висока готовност.

Портпаролот на воздухопловните сили потврди дека откажувањето сега се случило од истата причина поради која лансирањето било одложено порано – поради ситуацијата со Русија по нејзината инвазија на Украина. „Воздухопловните сили се убедени во подготвеноста на стратешките сили на САД“, додаде портпаролот.

На почеток