Молдавија нема да воведува санкции кон Русија
Молдавската влада ќе одржи неутрална позиција и нема да се приклучи на санкциите на Западот против Русија поради конфликтот во Украина, изјави претседателката Маја Санду.
„Има одредени работи што треба да им ги обезбедиме на нашите граѓани. Оставањето на земјата без гориво и дестабилизирањето на ситуацијата овде нема да помогне никому“, рече таа, додавајќи дека „ниту Молдавија, ниту Украина, ниту нашите западни партнери“ нема да имаат корист од оваа ситуација.
Според неа, економската ситуација во Молдавија била погодена од конфликтот во соседната земја.
„Немаме пристап до пазарите на Украина, Русија и Белорусија. Извозот и увозот во тие земји се практично блокирани како резултат на конфликтот“, рече таа.
Санда ја спомена и силната зависност на Молдавија од испораките на гориво од Русија.
„Можеме ли да си дозволиме да ја оставиме нашата земја без природен гас или струја денес? Не, не можеме, поради нашите граѓани и поради 100.000 украински бегалци, вклучително и 50.000 деца“, рече молдавскиот претседател.