Актуелно

Натепан вработен во „Паркинзи Центар“ бидејќи стабил блокатор

На 01.04.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Центар, С.С.(28) од Скопје, пријавил дека околу 09.30 часот на ул.„Рајко Жинзифов“, додека бил на работното место во ЈП „Паркинзи“ – општина Центар, тој и Р.Р., исто така, вработен во јавното претпријатие, биле нападнати со метален предмет од И.Б. поради поставен блокатор на неговото возило.

Според пријавеното, И.Б. ги оштетил и блокаторот и службеното возило на јавното претпријатие. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток