Османи со нови детали за протераните руски дипломати и обидите за наршување на односите со Бугарија


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека е точна констатацијата на бугарскиот премиер Кирил Петков, кој кажа дека руски агенти работеле против добрите односи меѓу Македонија и Бугарија. Тој кажа дека и оваа недела имало такви обиди, преку јавувања од институции.
„Јас сум задоволен што се потврдува и со факти, посебно го кажуваат и нашите бугарски пријатели, дека ниту една членка на ЕУ немаат интерес од интегрирање на Европа. Ние цело време тоа го кажуваме, дека стратешки интерес на Бугарија е да биде предводник на европската перспектива на регионот. Проширувањето е безбедносно прашање, а Бугарија се наоѓа во нашиот регион. Сметам дека констатацијата е точна, дека имало обиди Западниот Балкан да не се движи кон ЕУ. Не исклучувам дека во нашата држава има и ќе има се повеќе вознемирени луѓе кои работеа оваа перспектива да не се случи. Оваа недела се јавувале од Македонија во Бугарија каде кажувале дека немало потреба од ангажман, дека ќе се оди на избори, немало да има решение. Имало и луѓе од институции кои се јавувале“, кажа Османи.
Тој не одговори дали дипломатите на Русија кои се протерани од Македонија, се поврзани со лошите односи со Бугарија: „Не можам да зборам за конкретните активности јавно кои ги имаат преземено дипломатите. Контекстот може да се поврзе со ова што бугарските власти го кажуваат бидејќи сите активности имаат намера создавање на одредено општествено незадоволство кое може да се пренасочи за постигнување на слични цели“.
