(ВИДЕО) Очигледно е дека Мицкоски е по нови насоки и задачи кај неговиот шеф и ментор, Никола Груевски, вели Каевски
„Очигледно е дека Христијан Мицкоски, е по нови насоки и задачи кај неговиот шеф и ментор, Никола Груевски. Посетата на Мицкоски на Унгарија отвора сериозни сомнежи и во врска со повеќе судски случаи кои се водат во земјава против Никола Груевски и поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Дали Груевски му ја кажа стратегијата на Мицкоски за одбраната во случајот „Плацови на Водно“?“, вели Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.
Тој додава:
„Во овој судски предмет, Груевски е обвинет за сторено кривично дело „перење пари“ и „противправно стекнување и прикривање имот“.
Со честите посети на Будимпешта во клучни периоди се покажува дека единствена цел на Мицкоски е да го одбрани криминалот на Никола Груевски.
Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги кочат измените на Законот за Академија за судии и јавни обвинители, затоа се противеа на носењето на Законот за јавно обвинителство.
Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ се уште е партија раководена од Никола Груевски, партија која е единствена на браникот на криминалот на режимот“.