Македонија

Бујар Османи: Вонредната ситуација покажува дека проширувањето на ЕУ е безбедносна политика

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи организираше прием во МНР по повод одбележување на Денот на НАТО.

„Членството на Северна Македонија во НАТО е историски успех и најзначајно надворешно политичко постигнување, како и најсилна гаранција за зачувување на домашната и регионалната безбедност и стабилност. Вонредната ситуација на европскиот континент покажува дека проширувањето на ЕУ е првенствено безбедносна политика што налага проактивен пристап на Унијата и забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан во интерес на европската и трансатлантската безбедност. Соочени со актуелните безбедносни предизвици стоиме обединети и одлучни заедно со нашите партнери да ги браниме заедничките вредности и заложби за мир, демократија, безбедност и просперитет.
Нека ни е честит Денот на НАТО!“, напиша Османи.

На почеток