Русите се повлекле од Киев и важни градови, тврди Пентагон
Портпаролот на Пентагон рече дека Украина „апсолутно“ може да победи во војната против Русија, дури и кога американските власти зборуваат за ризик од подолг конфликт.
„Се разбира дека можат да победат“, рече портпаролот на Пентагон Џон Кирби на брифингот.
„Тие го завршиле повлекувањето со цел повторно да се консолидираат и опремат во Белорусија и Русија. Моментално нема присуство на руски трупи во и околу Киев и Чернихив“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, додавајќи дека Владимир Путин не остварил ниедна од своите стратешки цели.
Тој истакна дека Русија досега можеше многу да направи, но дека рускиот претседател Владимир Путин постигна точно нула од своите цели во рамките на Украина.
„Тој не го зазеде Киев. Тој не ја собори владата. Тој не ја отстрани Украина како национална држава и ја презеде контролата само на мал број населени места“, додаде Кирби, пренесува Гардијан.
Тој додаде дека тоа не се ни местата што тој навистина ги барал.
„Значи, знаете, Мариупол сè уште не е освоен. Путин ги премести силите од Киев. Ги премести силите од Чернигов. Тие не го зазедоа Харков. Тие не го зедоа Николаев на југ“, посочи Кирби.