Некатегоризирани

Побаран притвор за генералниот секретар Мухамед Зеќири

Обвинителството за гонење организиран криминал корупција побарало притвор за Мухамед Зеќири и другите двајца обвинети. На потег е Кривичниот суд до кој ќе биде доставен предлогот, дали истиот ќе го прифати.

„Ценејќи дека постои реална опасност осомничените да се дадат во бегство, дотолку повеќе што двајца се странски државјани, ако се има предвид кривичното дело што им се става на товар, како и опасност доколку осомничените се бранат од слобода да ги уништат трагите или да влијаат врз потенцијалните сведоци или да го повторат делото, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерка притвор за тројцата осомничени“, кажаа од Обвинителството.

Мухамед Зеќири осомничен за склучен договор без јавна набавка

 

На почеток