21 годишно момче со нож ги уби родителите и дедото

Од
Објавено на

Дваесет и едногодишен маж синоќа со нож ги убил мајка си, таткото и дедото во Чачак, пренесува Телеграф, повикувајќи се на известување на агенцијата Рина.
Трагедијата се случила во населбата Атеница, а како што потврдуваат за Телеграф.рс од МВР, во споменатата населба биле пронајдени три тела, кои наводно ги пронашол братот на убиецот.
Во тек е истрага.
Според соседите, младиот човек од порано имал проблеми со дрога.
