Актуелно

Украина: Недалеку од Киев пронајдени 132 тела

Вкупно 132 тела се пронајдени синоќа во украинскиот град Макарив, објави веб-страницата „Украинска правда“, повикувајќи се на информации од градоначалникот на градот.

Вадим Токар рекол дека повеќето од телата биле ексхумирани од масовни гробници, но дека некои биле пронајдени на улиците.

Токар истакнал дека во борбите во последните недели, околу 40 отсто од Макарив се оштетени, а многу згради не можат да се санираат.

„Окупаторите ја уништија речиси целата инфраструктура, бомбардираа куќи и станбени згради, целосно уништија болници и градинки“, рекол тој.

Макарив се наоѓа на околу 50 километри западно од Киев и пред војната имал 15.000 жители.

На почеток