Свет

(ВИДЕО) Руски „Алигатори“ уништија конвој украински оклопни возила

Руското Министерство за одбрана објави видео од два руски јуришни хеликоптери Ка-52 „Алигатор“ како уништуваат конвој оклопни возила на украинските војници.

На видеото се гледа како се вчитуваат ненаведувани ракети С-8 од калибар 80 мм во фрлачи поставени на хеликоптер. Потоа се покажа како два Ка-52 летале ниско и испукале ракети кон украинскиот конвој.

„Напаѓачките хеликоптери Ка-52 на руските воздухопловно-космички сили го уништија оружјето и воената опрема на вооружените сили на Украина. Пилотите работеа во парови, уништувајќи го конвојот опрема и противвоздушни системи на Вооружените сили на Украина“, соопшти Министерството.

На почеток