Свет

Зеленски: Цела Европа е мета на Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека „цела Европа е цел на руската агресија и дека запирањето на инвазијата на Украина е од суштинско значење“.

Тој во своето обраќање рече дека Русија нема намера агресијата да се ограничи само на Украина и дека „целиот европски проект е цел на Русија“.

„Затоа не е само морална обврска на сите демократии, на сите европски сили да ја поддржат желбата на Украина за мир. Ова е всушност одбранбена стратегија за секоја цивилизирана земја“, рече тој во јавното обраќање откако Украинците продолжија да бегаат од источниот дел на земјата.

Тој уште еднаш повика на ембарго на рускиот гас и нафта, што ги нарече извори на руска „самодоверба и неказнивост“.

„Слободата нема време за чекање. Кога тиранијата ќе започне агресија против се што го штити мирот во Европа, мора итно да се преземат активности“, рече тој.

На почеток