Актуелно

(ВИДЕО) Роналдо му го скрши мобилниот телефон на момче со аутизам

Кристијано Роналдо се најде во центарот на скандал по вчерашниот пораз на Манчестер Јунајтед од Евертон, а сето тоа поради она што го направи кога го напушти теренот во соблекувалната.

Едно момче ги снимаше сите играчи на Јунајтед додека одат кон соблекувалната, исто како и многу фанови околу него, а потоа Роналдо го шокираше со потег.

Португалскиот фудбалер, очигледно бесен од поразот, го видел мобилниот телефон и го удрил момчето по раката со која го држел. Мобилниот телефон паднал на подот и се скршил, оставајќи го момчето со модринка и десетици шокирани обожаватели околу него, јавуваат медиумите.

Мајката на момчето веднаш по средбата дала изјава за „Liverpool Echo“, откривајќи дека момчето Џејкоб е аутистично и дека ова му е прв натпревар во животот што го гледал во живо, па како сувенир снимил сè околу него.

По ова, тој се извини на социјалните мрежи.

“Никогаш не е лесно да се контролираат емоциите во вакви тешки моменти. Секогаш треба да имаме почит, трпение и да бидеме пример за сите млади луѓе кои ја сакаат оваа игра. Би сакал да се извинам за мојот испад и да го поканам навивачот да биде мој гостин и да гледа натпревар на „Олд Трафорд“ во знак на фер-плеј“, напишал Роналдо на Инстаграм.

На почеток