Експлозија во зграда во близина на Москва, има загинати
Најмалку две лица, меѓу кои и едно дете загинаа денеска, а пет се повредени во експлозија на гас во станбена зграда во Ступино во близина на Москва.
Според руското Министерство за вонредни ситуации, од зградата биле евакуирани 60 станари.
„Седум лица беа погодени од експлозијата, од кои двајца загинаа“, се вели во соопштението на Министерството.
Извор од министерството изјавил за Тасс дека е убиено дванаесетгодишно момче, а едно дете е повредено.
Според првичните информации, никој не останал под урнатините.
Експлозијата на четвртиот кат од зградата била предизвикана од истекување на плин поради неисправност на опремата. Експлозијата предизвика пожар, а надворешните ѕидови се урнаа на првите два ката.