Зеленски: Ништо нема да му помогне на рускиот кукавичлук


Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва повторно направи видео на својот канал на Телеграм. Тој рече дека „ништо нема да му помогне на рускиот кукавичлук“.
„Кога луѓето немаат храброст да ги признаат своите грешки, да се извинат, да се прилагодат на реалноста, да учат, стануваат чудовишта. И кога светот го игнорира тоа, чудовиштата одлучуваат дека светот мора да се прилагоди на нив“.
Тој додаде дека „Украина ќе го запре сето ова“.
Тој вечерва оцени дека следната недела ќе биде многу немирна бидејќи Русија се подготвува за големи битки во источна Украина.
Според него руските сили се подготвуваат за уште посилни акции на истокот на Украина и дека ќе употребат уште повеќе ракети и бомби, но додаде дека Украинците се подготвени за тоа.
Тој додаде дека властите планираат уште поактивно да обезбедуваат оружје и да бидат уште поактивни на меѓународната сцена, пренесува Укринформ.
