Свет

Австрија го укинува 3G за прекуграничната работна сила

Австрија од денеска го смени режимот за влез во земјата, но само за прекугранична работна сила.

За лицата кои секојдневно патуваат во Австрија поради работа, правилото „3G“ повеќе не важи, односно не мора да поседуваат потврда за вакцинација, потврда за прележан Ковид 19 или негативен тест.

Според новата Регулатива „3G“, правилото се укинува и за лицата кои влегуваат во Австрија од семејни причини, кои доаѓаат да посетат партнер или заради образование.

За сите други групи, но и за туристите, продолжува примената на правилото „3G“, така што во земјата сè уште можат да влезат само вакцинирани, тестирани или излекувани лица.

Доколку некој нема ниту еден од трите документи, мора да се пријави електронски пред патувањето и да биде во карантин десет дена, односно до тестот и до негативниот тест.

На почеток