Актуелно

Битиќи за Зекири: Владеење на право важи и за тие од власта

Владеење на право важи и за тие од власта, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, коментирајќи го определувањето на 30-дневен притвор за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири.

– Тоа се промените во демократските процеси што ни се случуваат и веројатно ќе треба долго време да сфатиме дека независно кој каде седи, ако згрешил дека ќе одговара. Но сега ќе треба да видиме зошто и како тоа се случило. Чувството е непријатно, затоа што се оддава впечаток дека се негира се што е направено добро до сега, рече потпретседателот на СДСМ во емисијата „Утрински брифинг“.

На почеток