Кедев го освои и седмиот највисок врв на светот
Од
Објавено на
Македонскиот кардиолог и академик Сашко Кедев го освои и седмиот највисок врв на светот Даулагири 1 на Хималаите, висок 8.167 метри.
Кедев ги има освоено сите седум највисоки врвови на сите континенти, а лани на 27 септември вторпат го освои осмиот највисок врв во светот Манаслу (8.163 м).
Покрај него се искачија и 21 член од експедицијата, водена од тимот на „Мингма Џи“, која е прва сезонава што се искачи на врв над 8.000 метри.