Актуелно

Иџе заврши втор на трката во Франција

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе го освои второто место на првата сезонска трка во Франција во Сан Жан ду Гард. По пауза од неколку години, Иџе повторно се натпреварува во Европскиот шампионат на ридски патеки.

Во категоријата 1 во третата група беше втор, а трката ја заврши за 5:45:790 минути по двете трки.

„Второ 🏆 место во Франција 🇫🇷- Европски Шампионат на Ридски Патеки добар почеток на сезоната 😉😁💪 “, напиша Иџе на социјалните мрежи

На почеток