Свет

Најмалку 28 лица загинаа во тропска бура на Филипините

Најмалку 28 лица загинаа во поплавите и одроните предизвикани од тропската бура Меги во централниот и јужниот дел на Филипините, соопштија денеска властите.

Најмалку 22 лица загинаа во лизгање на земјиштето во најтешко погодената провинција Лејте, а 27 се водат како исчезнати, соопштија локалните власти. Три лица ги загубија животите во провинцијата Источен Хегрос, а уште три на јужниот остров Минданао, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи.

Повеќе од 17.000 луѓе ги напуштија своите поплавени домови каде што беше исклучена струјата.

Меги, позната на Филипините по локалното име Агатон, е првата голема тропска бура што ја погоди земјата инаку често погодена од природни катастрофи оваа година.

На почеток