Свет

Експлозија во Либан, се сруши зграда

Најмалку едно лице загина, а седум се повредени во експлозија во извиднички центар поврзан со шиитското движење Амал во близина на Сидон во јужен Либан.

Во експлозијата е уништена зградата, а оштетено е и градското собрание, а припадниците на армијата го пребаруваат теренот, па можно е бројот на жртвите да биде поголем, соопштија претставници на Ројтерс.

Безбедносен извор изјави дека експлозијата не била саботажа, но не наведе повеќе детали, наведува британската агенција.

Голема експлозија потресе палестински камп во јужниот либански пристанишен град Тир на 10 декември, при што беа повредени десетина луѓе, според спасувачите на самото место и палестински извор во кампот, потсетува Ројтерс.

На почеток