Жестоко невреме ја зафати Европа, илјадници луѓе без струја: Нема да го заобиколи ниту Балканот, еве каде ќе ја погоди најтешко
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/03/pesocna-bura.jpg)
Силно невреме ја зафати Европа и милиони Британци се предупредени да не ги напуштаат своите домови поради ударот на бурата Дара. Според британските медиуми, илјадници луѓе останале без струја по првиот удар на невремето.
Метеоролошката канцеларија издаде ретко опасно по живот предупредување за многу силни ветрови во раните утрински часови во саботата, со „значително нарушување“ кое се очекува до 11 часот во поголемиот дел од велшкиот брег и делови од југозападна Англија.
Три милиони луѓе во опасните зони добија итно предупредување на своите мобилни телефони да избегнуваат возење и да останат во затворени простории.
🇮🇪 Strong winds from Storm Darragh hit Mayo, Ireland last night pic.twitter.com/RGvNKiRkkJ
— The Global Beacon (@globalbeaconn) December 7, 2024
Предупредување беше издадено за поголемиот дел од Велс и делови од југозападна Англија бидејќи Дара, четвртата бура оваа сезоната, стигна до Британија откако претходно ја погоди Ирска.
Storm Darragh tracker map shows where the UK is getting battered amid today’s red weather warnings
Според прогнозите, циклонот многу брзо ќе се движи преку Северното Море понатаму во копното на Централна Европа во сабота и на првиот ден од викендот ќе донесе бурни ветрови и обилни врнежи од дожд во цела централна и Западна Европа, а на планините обилен снег. На повисоките делови на Алпите се очекува да падне и до еден метар снег, а бурните ветрови ќе создадат виулици.
Инаку, воздушниот притисок во центарот на циклонот е многу низок, а поради пространоста на циклонот, силен и бурен ветер ќе дува низ западна, централна и северозападна Европа, во Алпите, централниот Медитеран и Јадранот.
Како дел од циклонот ќе се движи и изразен студен фронт кој потоа ќе донесе заладување.
Патем, овој студен фронт ќе создаде секундарен циклон над Џеновскиот залив во ноќта кон недела.
Овој многу силен циклон во недела ќе донесе невреме во централните Медитерански и Јадрански области.
Се очекуваат силни грмежи и силен ветер.
Во ноќта меѓу сабота и недела и во текот на неделата циклонот ќе донесе грмежи и бурен јужен ветер од Словенија преку Хрватска, Херцеговина и Црна Гора кон Албанија.
На Јадранот се очекуваат ветришта со брзина од 100 км/ч, заедно со огромни бранови, а долж Јадранот би наврнале и над 100 литри дожд со ризик од поплави и порои.
Ќе се загрее, пороен дожд ќе врне и на највисоките планини.
Најобилни врнежи се очекуваат во Далмација, на запад од Босна, во Херцеговина и на црногорското крајбрежје, како и во внатрешноста на Јадранот и во областа на Динаридите.
Од вечерва до следните неколку дена цела западна и северозападна Европа, дел од централна Европа, Алпите, централниот Медитеран, Јадранот, како и нашиот регион ќе бидат погодени од циклон од Атлантикот, а потоа и секундарен еден од централниот Медитеран. Невремето најсилно ќе биде на Британските острови, во земјите од Бенелукс, во Франција, Италија, Германија, Швајцарија, Чешка, Австрија, а потоа и во Словенија, Хрватска, БиХ и Црна Гора.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)