Свет

(Видео) Сириските бунтовници го освоија четвртиот град: Иран ги повлекува луѓето, Русите го креваат во воздух мостот

Сириските бунтовници соопштија дека денеска ја презеле контролата врз јужниот град Дара, каде во 2011 година започна бунтот против претседателот Башар ал Асад, четвртиот град што неговите сили го загубија за една недела.

Извори на бунтовниците рекоа дека армијата се согласила да се повлече од Дара според договорот со кој на воените службеници им се овозможува премин до главниот град Дамаск, на околу 100 километри северно.

Видеата на социјалните мрежи покажаа бунтовници на мотоцикли и други како се мешаат со жителите на улиците. Според снимката, луѓето пукале во воздух на главниот градски плоштад во знак на славење.

Војската и владата на Асад не коментираа, а Ројтерс не можеше независно да ги потврди тврдењата на бунтовниците.

Со падот на Дара, силите на Асад во рок од една недела им предадоа на бунтовниците четири важни центри.

Дара, која имаше повеќе од 100.000 жители пред почетокот на граѓанската војна пред 13 години, има симболично значење како лулка на востанието. Тој е главен град на покраината која има околу еден милион жители и се граничи со Јордан.

На почеток