Лавров ги спореди Косово и Крим во интервју: САД секогаш работат по истиот модел
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, даде интервју за новинарот Такер Карлсон во Кремљ, споредувајќи ги едностраните прогласи за независност на Крим и Косово во контекст на американската надворешна политика.
Такер Карлсон го праша Сергеј Лавров за ситуацијата во земјите околу Русија и дали мисли дека САД го отежнуваат решавањето на конфликтот, пренесува N1.
„Искрено, нема ништо ново овде, бидејќи САД, историски гледано, во надворешната политика дејствуваа така што создадоа проблем и потоа гледаа како да ја искористат таа ситуација за себе“, рече тој, наведувајќи ги конфликтите во Ирак, Либија, Авганистан…
Ако се анализира американската надворешна политика, тврди еден од најблиските соработници на Путин, може да се види истата шема.
Russia’s longtime foreign minister describes the war with the United States and how to end it.
(0:00) Is the US at War With Russia?
(12:56) Russia’s Message to the West Through Hypersonic Weapons
(17:47) Is There Conversation Happening Between Russia and the US?
(23:18) How Many… pic.twitter.com/0UkkNjAkhw— Tucker Carlson (@TuckerCarlson) December 5, 2024
„ОБСЕ ги следи изборите во Грузија. Кога ги следат изборите во Русија, Белорусија, Казахстан, секогаш се многу негативни. Овој пат во Грузија, набљудувачката мисија на ОБСЕ презентираше позитивен извештај, но тој беше игнориран. Значи, кога ви се допаѓаат изборните резултати, ги одобрувате, кога не ви се допаѓаат, ги игнорирате“, рече Лавров.
Како пример ја наведе едностраната декларација за независност на Косово, која ја поддржаа САД, велејќи дека се работи за правото на самоопределување.
„Кога неколку години подоцна Косово еднострано прогласи независност, немаше референдум. После тоа, Србите се обратија до Меѓународниот суд на правдата, кој пресуди дека кога дел од територијата ќе прогласи независност, не е неопходно да се договори за тоа со централната власт“, рече Лавров.