Свет

Лавров за ракетата Орешник: Подготвени сме на се

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека употребата на хиперсонична балистичка ракета Орешник во војната во Украина е обид да се натера Западот да разбере дека Москва е подготвена да ги искористи сите средства за да се осигура дека нема да биде нанесен со „стратешки пораз“.

Во интервјуто со Такер Карлсон, водител близок на Доналд Трамп, емитувано синоќа на Х, Лавров рече: „Пораката е дека вие – мислам на САД и сојузниците на САД, кои исто така му доставуваат оружје со долг дострел на режимот во Киев – мора да разберете дека ќе бидеме подготвени да ги искористиме сите средства за да ги спречиме да успеат во, како што го нарекуваат стратешки пораз на Русија“.

Лавров, исто така, рече дека е „многу сериозна грешка“ за некој на Запад да претпостави дека Русија нема црвени линии или дека тие „постојано се движат“.

Да потсетиме, Русија пред две недели ја истрела својата нова хиперсонична ракета Орешник кон украинскиот град Днипро во големата ескалација на војната која трае речиси три години. Рускиот претседател Владимир Путин оттогаш се закани дека ќе употреби оружје против Киев како одговор на украинските напади на руска територија.

На почеток