Свет

Запалена синагога во Мелбурн: Внатре имало верници, има и повредени

Синагога во предградието на Мелбурн, Австралија, денеска е запалена додека внатре имало верници, а едно лице е повредено. Пожарот пред зори во синагогата Адас Израел, православна синагога Хареди во населбата Рипонлеа, ги принуди верниците собрани на утринската молитва да побегнат на улица во 4:10 часот. Оние кои избегале од пожарот велат дека напаѓачите ги искршиле стаклата и фрлиле молотови коктели во синагогата.

Штетата од пожарот е голема, а до 5 часот е изгаснат од екипа од 60 пожарникари со 17 возила, пренесува австралискиот медиум The Age.

„Недвосмислено го осудувам нападот на синагога во Мелбурн рано утринава“, изјави австралискиот премиер Ентони Албанес.

Тој додаде: „Поединците вклучени во овој напад мора да бидат фатени и соочени со целосна сила на законот“.

На почеток