Украина ќе почне да ги мобилизира жените? „Без нив тешко ќе се реши хаосот во армијата“
Украинскиот парламент Верховна Рада ги направи првите чекори кон мобилизација на жените во војната со Русија, изјави украинскиот пратеник Дмитро Разумков.
Разумков рече дека законот бр. 12076, усвоен на 3 декември, содржи одредба која им овозможува на жените кои ги исполнуваат здравствените и возрасните критериуми да се пријават за воена служба како резервисти и да поминат основна воена обука, објави украинскиот портал Страна њуз. Разумков повика на отстранување на оваа одредба пред второто читање на законот.
Доколку се усвои, оваа промена би можела значително да влијае на ситуацијата во украинската војска и да овозможи регрутирање жени за учество во војната. Според предложените измени на Законот за воена регрутација и воена служба, жените кои сакаат да служат во украинската армија можат да бидат регрутирани и запишани во резервниот регистар.
Сепак, дел од предлогот предизвика критики, вклучително и од Главната научна и стручна управа на Канцеларијата на Врховната Рада, која посочи дека „не е соодветно да се регистрираат жени како резервисти непосредно пред почетокот на основната воена обука“.
Според сегашниот украински закон, во војска се регрутираат мажи постари од 25 години. Законот дозволува жените да волонтираат, но не и задолжително да се мобилизираат.
Украинската пратеничка Маријана Безухлај силно ги поддржува измените. „Во нашиот Устав нема два типа граѓани. Во моментов има незаконска дискриминација на мажите. Освен тоа, ако се мобилизираат жени, ќе се мобилизираат помалку мажи – тоа е една од причините зошто вие, мажи, ја поддржувате мобилизацијата на вашата сограѓани“, рече таа.