Украина не ги промени своите позиции во преговорите со Русија, тврди Арахамија
Во преговорите со Руската Федерација, Украина се придржува до Коминикето од Истанбул и не ги промени своите позиции. Ова го изјави шефот на украинската преговарачка делегација Дејвид Арахамија.
Украинската страна се придржува до коминикето од Истанбул и не го промени својот став и покрај изјавите на рускиот министер за надворешни работи (Сергеј Лавров). Единствената разлика е во тоа што не ги земаме во предвид сите дополнителни прашања кои не беа вклучени во коминикето од Истанбул. Ова веројатно предизвика погрешно толкување на моменталната состојба на преговарачкиот процес“, објави Арахамија на Телеграма, пренесува Укринформ.
Тој додаде дека преговорите за договор за безбедносни гаранции за Украина продолжуваат преку интернет.
Како што беше соопштено од Москва, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека преговорите со Украина дошле во ќор-сокак.
Во соопштението на Кремљ се наведува дека рускиот претседател оценил дека „украинската страна се повлече од договорот од Истанбул“.