Свет

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Папуа Нова Гвинеја кај островот Нова Британија во југозападниот дел на Тихиот Океан.

Според соопштението на EMSC, земјотресот се случил на длабочина од 140 километри, пренесува Ројтерс.

Засега нема други податоци или информации за евентуални жртви и материјална штета.

На почеток