Македонија

(ВИДЕО) Раководител на смена на Блаце за 120 евра пропушти шест албански државјани

Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководителот на смена на граничниот премин Блаце, Шкрета Елхам, зема 120 евра од државјани на Албанија кои ја минуваат границата. Елхам е познат како голем поддржувач на СДСМ и на политиките на Зоран Заев.

Новинарот на ТВ Клан, во улога на патник, плати 120 евра за цариникот да пропушти шест албански државјани без никакви проверки.

Бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници се обратил до телевизија Клан потончно шоуто „Стоп“ со информации дека му бара поткуп за услуга што треба да биде бесплатна од страна на граничарите. Тој трпел огромен притисок од македонските цариници.

„Јас сум албански бизнисмен кој превезува луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме со македонската погранична полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по возило. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра“, открива бизнисменот за ТВ Клан.

Екипа на емисијата „Стоп“ на граничниот премин Блаце ја сними целата постапка како Елхам, како раководител на смена, си бара и си ги зема парите – од шест патници, по 20 евра од човек.

На почеток