(Видео) Гужва за кон Солун: Македонците на продолжен викенд
Од
Објавено на
Пет колони и стотици автомобили од рано утринава чекаат на граничниот премин „Богородица“ да поминат граница и продолжемиот викенд да го поминат кај јужниот сосед.
Иако од АМСМ известуваат дека нема подолги задржувања за излез од државата, сепак, патници сведочат дека се чека и по 45 минути, а колоните се километарски.
Повод за одењето во Солун е неработниот петок. Заминувањата на продолжен викенд започнаа од вчера кога наплатните рампи беа блокирани, особено, рампата „Миладиновци“ за излез од Скопје.