Македонија

(Видео) По повеќе од два часа дреме на границата за Грција – гужви и нервози за да се стигне на море

Километарски колони на граничниот премин „Богородица“ за влез во Грција. Се чека и повеќе од два и пол часа, иако се отворени сите пасошки контроли и има четири редици со возила.

Нервозата расте како што растат и гужвите. Револтот е бидејќи досега не се најде начин за да процесот биде побрз и без застој. Задржувања има и на грчка страна.

Србите се жалат и за гужви на границата помеѓу Србија и Македонија, „Прохор Пчински“. Тие кои поминувале од зори сведочат дека чекале по повеќе од час.

Screenshot

На почеток