И утринава застој на границите со Грција
Од
Објавено на
Големите гужви на граничниот премин Богородица за излез од Македонија ги има и денеска. Според информациите, за излез околу половина час.
По повеќе од еден час се чека и на граничниот премин во Дојран.
Снимките од надзорните камери прикажуваат редици од автомобили и камиони во застој.
Топлото време и температурите над 40 целзиусови степени, поттикнаа голем број граѓани да ја напуштат земјата и да се упатат кон туристичките дестинации.
Се наполни и Охрид.