Србите со најмногу поплаки за гужвите по границите: ваква е состојбата со времето на чекње
Србите имаат најголеми поплаки кога во прашање е патувањето во Грција. Секојдневно по групите кои ги креирале за информирање при патување, објавуваат дека чекаат од еден до четири саати по српско-македонската и македонско-српската граница.
Утринава, тие посочија дека на граничниот преми „Прохор Пчински“ имало колони и по еден час чекање. На граничниот премин во Дојран за влез во Грција се чекало околу четири часа.
На „Евзони“ за влез во Грција има колона возила од четири километри, јавуваат тие, па посочуваат дека се чека по повеќе од час. За влез во Македонија преку истиот премин се чека околу еден час. На македонската страна односно на граничниот премин „Богородица“ за влез се чека 15 минути.