Актуелно

МВР работи на расчистување случај со земање мито на „Блаце“

Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце. По расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираме јавноста.

Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководителот на смена на граничниот премин Блаце, Шкрета Елхам, зема 120 евра од државјани на Албанија кои ја минуваат границата. Елхам е познат како голем поддржувач на СДСМ и на политиките на Зоран Заев.

Новинарот на ТВ Клан, во улога на патник, плати 120 евра за цариникот да пропушти шест албански државјани без никакви проверки.

Бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници се обратил до телевизија Клан потончно шоуто „Стоп“ со информации дека му бара поткуп за услуга што треба да биде бесплатна од страна на граничарите. Тој трпел огромен притисок од македонските цариници.

(ВИДЕО) Раководител на смена на Блаце за 120 евра пропушти шест албански државјани

На почеток