„Викторија и Леонид не добија правична пресуда“, во петок ќе се протестира пред Кривичен
Протест пред Кривичниот суд ќе се одржи во петок. Организатор е Леонид Даов, повреденото момче во сообраќајката кај „Сити мол“, каде загина 24-годишната Викторија.
„После пресудата од 11.04.2022 на Основниот Кривичен Суд Скопје, Викторија и Леонид не ја добија пресудата која е правична и праведна! Немаме владение на правото, немаме спокој на душите! Имаме граѓанско право да го кренеме својот глас и за Викторија, но и за сите жртви на сообраќајно насилство и неправедно пресуди! Да ја разбудиме свеста, да бидеме гласот на покојните и гласот на жртвите! Да кажеме СТОП НА ЛОШИТЕ ПРЕСУДИ И СТОП НА СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО! На 15.04.2022 (петок) од 10:00 до 11:00ч Ве повикувам пред Основен Кривичен Суд Скопје да го искажеме нашиот револт и да го запреме крварењето по улиците и пешачките премини ширум државата“, стои во објавата.