Луѓе блиски до СДСМ се фатени како земаат мито на царина, наместо одговорност од Спасовски и Ковачевски ние имаме целосен молк, вели Мисајловски
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“ беше во посета на oпштина Ранковце каде заедно со градоначалникот Борче Спасовски извршија увид на градежни активности на улици во село Радибуш каде беше дадена и изјава за медиумите.
Запрашан за коментар околу снимката која се појави вчера каде се гледа како македонски полицајци бараат и примаат мито од албански новинари, Мисајловски истакна дека и за оваа како и за сите криминални афери кои излегоа на површина деновиве од луѓето кои ги водат институциите има само молк наместо да се осудат сите овие работи.
Тој исто така додаде дека се надева дека за ваквите активности ќе има одговорност и дека доколку од овие институции нема, ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе преземе одговорност да овие луѓе бидат санкционирани.
„Јас пред некој ден реков дека во Македонија како секој ден да гледаме црна хроника. За жал ни се случуваат не само вакви афери туку имаше и нерасчистено убиство кое што пробаа на некој начин да го затскријат, што е срамно и безобразно. Денеска видовме нова снимка каде што службеници кои што работат на царина земаат мито и тоа се блиски до СДСМ, луѓе што се поставени од раководните луѓе на СДСМ. Затоа треба да има одговорност за сите овие луѓе од СДСМ. Тие што ги водат институциите како Оливер Спасовски и останатите, па еве го повикувам и Димитар Ковачевски како премиер да каже што има да каже како навод по овие сите криминални афери, бидејќи гледаме дека има некој молк. Не е добро да се има молк и треба да се осудат сите овие работи. Нерасчистени убиства кои пробаа да ги затскријат, гледаме дека има местени тендери со милионски суми за физибилити студии, а сега гледаме како се прима мито и корупција на царина. Тоа е сликата на СДСМ за Македонија. Жално, но се надевам дека ќе има одговорност. И ако од овие институции нема, верувајте дека ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе преземе одговорност да овие луѓе бидат санкционирани“, истакна Мисајловски.