Свет

Захарова: Ги земаме предвид изјавите на српските политичари за притисокот што се врши врз нив

Русија се огласи по повод гласањето на Србија за суспензија на Русија од Советот за човекови права на ОН.

Москва ги зема предвид изјавите на српските политичари, дека Белград бил под притисок да гласа за суспензијата на Русија од Советот за човекови права на ОН, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Ние секако ги земаме предвид изјавите на српските политичари за притисокот што се врши врз нив“, рече таа на прес-конференција, пренесува ТАС С.

Според Захарова, Москва претпоставува дека нејзините традиционални партнери во меѓународните организации постојано ќе се придржуваат до позициите што ги одразуваат нивните национални интереси и вистинското пријателство со Русија.

„Разбираме дека има притисок, но ако зборуваме за оние кои тврдат дека ни се пријатели, тоа е дефинитивно невозможно да се разбере“, рече Захарова.

На почеток