Свет

Зеленски до Украинците: Целата оваа активност на окупаторите сведочи за нивната несигурност

Во своето ноќно обраќање до нацијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Русија, во случај да не се постигне мировен договор, мора засекогаш да ја напушти меѓународната заедница.

„Или руското раководство навистина ќе бара мир или, како резултат на оваа војна, Русија засекогаш ќе ја напушти меѓународната сцена“, рече Зеленски.

Тој зборуваше и за зголемениот број руски напади на исток и југ, пренесува Index.hr.

– Целата оваа активност на окупаторите пред се сведочи за нивната несигурност. Факт е дека дури и со значителни резерви на советска воена опрема и значителен број војници, руските трупи се сомневаат во нивната способност да не разбијат, да ја разбијат Украина. Па, правиме се за да ги оправдаме нивните сомнежи – рече тој.

Зеленски го повтори повикот за целосно ембарго на руската нафта.

Тој, исто така, изрази благодарност до американскиот претседател Џо Бајден, откако вети дека ќе испрати уште една пратка оружје во Украина.

На почеток