Молдавија со закон забрани истакнување на руски воени симболи


Парламентот на Молдавија денеска усвои закон со кој се забранува истакнување на руски воени симболи и се предвидуваат казни за прекршителите.
Законот забранува истакнување на буквите „З“ и „В“, кои руските сили ги користат за време на инвазијата на Украина, како и рускиот воен симбол „Ѓорѓова лента“ (црна и портокалова лента), пренесоа руските медиуми.
За јавно истакнување на овие симболи во Молдавија е предвидена казна од 250 до 500 долари.
Пратениците изјавија дека законот е усвоен во контекст на рускиот напад врз Украина.
Пратениците на Блокот на комунисти и социјалисти беа против донесување на Законот, а тие во знак на протест не присуствуваа на гласањето.
