Без корупција и непотизам е невозможно да просперираш, кој се обидел овде да создава вредност – изгинал, вели Трпкова


За оние што сепак се воздржуваат од критики кон сегашната власт, коишто се плашат Груевски да не се врати, и ја прифаќаат реалноста во којашто се прпелкаме како риби на суво само за да не се вратиме назад, и со кои одевме да протестираме и да ризикуваме, а богами и изгубивме многу од сопственото време, надежи, верба – ако ова е тоа за кое сте се бореле, тогаш, значи дека не сме се бореле за исто, вели познатата актерка и професорка Синоличка Трпкова
„Или дека аршините за остварени “граѓани” во сопствената земја преку професија, а не преку функција не ни биле ни од блиску, а богами ни оддалеку исти. Тоа што имаме слобода да си ја кажеме мислата јавно, не е ништо ново. Тоа сме го правеле и со Груевски.
Ние добро глумиме демократија, ама поим немаме од чесност, фер-плеј, дисциплина, работа и одговорност. Овде криминалците и политичарите живеат добро. Без корупција и непотизам е невозможно да просперираш…кој се обидел овде да создава вредност и да дига критериум – изгинал. Така било така е сеуште. Имаме повеќе слободи, ама и сиромаштија, што се должи на сериозна системска аномалија. А капацитет за нејзино решавање не постои. Постојат само прстиња на секоја партија, што префрлаат вина на друг.
Настрана што секое придобивање на гласачи преку ругање и ширење омраза или преку делење дарови е бесмислено. Тоа е исклучиво во полза на функционерите (позиција, опозиција) и не носи ништо добро за гласачите“, додава таа.
