Катица за изјавата на Камчев: Човекот халуцинира
Поранешната специјална јавна обивнителка Катица Јанева во судницата посочи дека бизнисменот Орце Камчев халуцинира, додека тој даваше исказ и кажуваше како според него бил ракетиран.
Камчев рече дека добивал понуди за градење на шопинг мол на две локации во Карпош: „За двете локации беше евидентно дека Бојан Јовановски манипулира бидејќи бев сигурен дека ниту менаџментот на Гранит ниту на Реплек не дале согласност за таков проект“.
„Халуцинира човекот. Халуцинира. Поарно да чита, бидејќи вака многу халуцинира“, додаде поранешната специјална јавна обвинителка.
„Бојан Јовановски ми пристапи преку заеднички пријател во врска со наводна соработка да ми понуди а со крајна цел изнуда на парични средства со лажни проекти. Првиот проект беше фешн молови, концепт кој тој го измислил, а во кои ќе има модни ревии, популарни дуќани. Притоа, при поднесувањето на договорот за соработка беше потпишано лицето Лазар Јанев. Со тоа Бојан сакаше да ми покаже дека ја контролира тогашната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, кажувајќи дека и тој стои позади проектот за бизнис молови. Споменувајќи дека Лазар користи возило од неговата телевизија дека со него соработува директно и слично. Откако го одбив ова барање, ми беше понудено инвестиција во старечки домови, додаде Камчев.