Камчев имаше доверба во мене и постигнавме спогодба, се пофали Русковска
Од
Објавено на
Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во гостување на српската телевизија „Хепи“, ја спомна и спогодбата склучена со бизнисменот Орце Камчев во случајот „Империја“.
„Македонија е мала држава, се знаевме од порано и со едните и со другите. Бизнисменот Орце Камчев имаше доверба во мене, постигнавме спогодба. Во државниот буџетот уплати 5 милиони 200 илјади евра на име затајување данок и доби една година ефективен затвор. Човекот уплати и потпишавме спогодба. Но, не потпишавме спогодба пред да легнат парите“, раскажува Русковска.