(АУДИО) Пцовки и скандалозно однесување од Џафери, а барање за оставка од опозицијата


Скандалозен и примитивен е односот на Талат Џафери, пцостите и навредите за вработените се недозволиви, оставка веднаш, побара ВМРО-ДПМНЕ откако во јавноста излезе снимка на која се слуша гласот на собранискиот спикер како им се обраќа на вработени во собраниските служби.
„Кога крими коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен. Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател на Собранието, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги навредува и со најпогрдни пцости малтретира вработените во собранието. Односот на Џафери, кој може да се слушне во видеоматеријал објавен во медиумите, е скандалозен, примитивен и целосно недозволив. Односот на Џафери е и слика како се однесува оваа власт на СДСМ и ДУИ со вработените во институциите и народот воопшто. Тие вработени кои Џафери ги пцуе се нечии синови, ќерки, мајки, татковци, сопружници“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозицијата, снимката е и доказ зошто мора да се одржат предвремени парламентарни избори, а актуелната власт да замине во опозиција.
Во аудио-материјалот за кој се тврди дека е снимен во Собранието, се слуша како Џафери ги повикува дел од вработените во службите кај него, а потоа ги брка со зборовите „бегај, бегај“, „сус бре“, а се користат и пцости.
Командант Форина до службениците: 👉Си ебавате мајката тука! pic.twitter.com/R5tMyGL2TK
— @Soleimani (@Soleimani_QUDS) May 12, 2022
