Македонија

Камчев и Јосифовиќ се преселиле во Охрид, каде ќе ја издржуваат казната

Бизнисмените Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ ги промениле скопските адреси и со живеалиште се запишале од Скопје во Охрид. Поради сето тоа, постапувањето со издржувањето на затворската казна од една година и за Камчев и за Јосифовиќ се сели на друг терен, односно во јурисдикција на судот во Охрид. Па така, од охридскиот суд ќе треба да одлучи каде ќе ја издржуваат и едногодишната казна.

„Заради интерес на медиумите и невладините организации за текот на извршувањето на правосилните пресуди донесени врз основа на предлог – спогодби за предметот во јавноста познат како „Империја“, ја информираме јавноста дека: До Основниот кривичен суд Скопје на 05.05.2022 година од бранителите на Ј.К. и Н.Ј., осудените со пресудите врз основа на предлог спогодба во наведениот предмет, доставено е известување за промена на адресата на живеење и тоа од адреси во Скопје на адреси во Охрид. Судот ги изврши сите неопходни увиди за да ја потврди доставената информација, а по констатирање дека осудените лица во текот на постапката извршиле промена на адресата, Кривичниот суд, согласно член 7 став 2 од Законот за извршување санкции, според кој надлежен суд за извршување на санкцијата е судот според местото на живеење, денеска го достави предметот на понатамошно надлежно постапување на Основниот суд во Охрид“, велат од Кривичен суд.

Претходно, односно на 30 април, Бојан Јовановски-Боки 13 кој е осуден за „Рекет“ напиша дека Камчев ќе ја издржува казната во Охрид.

На почеток