Коментари

„Кога судиите и обвинителите дозволуваат богаташите да се спогодат, покажуваат дека криминалот во Македонија не е забранет“, вели Богоевски

Павле Богоевски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека кога обвинителите и судиите им дозволуваат на богаташите да се спогодат, покажуваат дека криминалот во Македонија не е забранет.

„Кога обвинителите и судиите им дозволуваат на богаташите како Орце да се ‘спогодат’ со правдата за определена цена, покажуваат две работи:
1. Дека не се сигурни дека случајот можат да го докажат во редовната постапка; и
2. Дека криминалот во Македонија не е забранет, туку е комодитет кој најбогатите можат да си го дозволат за одредена цена и без никакви дополнителни последици.
п.с. Конфискацијата на имотот треба да оди дополнително со, а не наместо главната казна затвор“, вели Богоевски.

На почеток