(ФОТО) „СЈО барало Камчев да плати 8 милиони евра и да одлежи 4 години, од кого сега му е олеснета позицијата со срамната спогодба“, прашува Боки 13
Почитувани, еве во име на вистината, погледнете што било изработено од предметната обвинителка Лиле Стефанова, додека била во СЈО под раководство на Катица Јанева! Изработила предлог за спогодба за Јордан Камчев како првоосомничен солидарно со други да плати штета кон буџет во износ од околу 8 милиони евра, плус штета кон други доверители вкупно 4.900.000 евра и корист која треба да му биде одземена во висина од 6.261.523 евра, вели Бојан Јовановски во својата најнова објава на социјалните мрежи.
„Со користење и примена одредбите за ублажување на казната затвор, можното ублажување за кривичните дела за кои Камчев признал дека е виновен е минимум 4 години затворска казна и враќање на погоре опишаните пари по повеќе основи !!!
Па сега јавно прашувам, кога и од кого му е олеснета позицијата на Камчев со срамната спогодба која е веќе верифицирана во Основниот кривичен суд ???
Прашувам сега под чие влијание истата обвинителка Лиле Стефанова ја направила оваа различна и многу поповолна спогодба и се спогодила со Камчев ?
Кој му ја олесни сега позицијата на Камчев, Катица без направена спогодба (а осудени сме во Рекет за овие дејствија) или Вилма Русковска и Љубомир Јовевски со веќе завршена спогодба, надвор од закон и здрав разум ?
Оттука се поставува прашањето, дали откако на Камчев не му била прифатлива спогодбата со која би требало да врати во буџетот многу повеќе пари од тие 5 милиони за кој сега се спогодил и плус да му биде одземена нелегално стекнатата корист и да добие ефективна затворска казна од 4 години, тој и другите заинтересирани го конструираат случајот Рекет, нас не стрпуваат во затвор за “жртвата” Камчев да може да си направи спогодба под покровителство на Русковска и да си го добие тоа што го сакал, а тоа е спас за сите негови сторени криминали!!!
Овие документи од СЈО беа изведени како доказ во предметот Рекет !!!
Поради оваа бруталност и неправда, барам како осуден за дело кое не сум го сторил, ново фер судење и барам ПРАВДА И ОДГОВОРНОСТ ВЕДНАШ ЗА ОВИЕ “МАЈСТОРИ” НА ПРАВОТО !!!
После ова, јасно е како бел ден зошто е направен случајот Рекет и зошто сме осудени!!!
П.с ги поздравувам оние навивачки пропагандни “професионалци” кои не штедеа етикити и квалификации за мене и ме оцрнија и осудија пред да бидам осуден а Камчев го претставуваа како “невин” и “жртва” и им се извинувам што сега Камчев и нив ги направи поголеми будали отколку што реално се !!!
До конечна правда !!!
Рекет е паднат“, додава тој.